Шкендија и Бруно Дита ја продолжија соработката до 2024 година

Шкендија денеска и официјално потврди дека ја продолжи соработката со играчот за врска Бруно Дита. Така, албанскиот интернационалец останува во поранешниот шампион во ПМФЛ, потпишувајќи договор со „црвено-црниот“ тим до летото 2024 година.

Со ова, клубот и натаму летово продолжува активно да работи на комплетирање на тимот за следната сезона, со најава дека ќе има дополнителни засилувања како замена за оние кои се збогуваа со „црвено – црниот“ дрес.

Инаку, 28-годишниот играч за врска пред да се пресели во Шкендија настапуваше во родната Албанија, за тимот на Скендербег.

Се вчитува...