По една деценија конечно се враќа женската сениорска репрезентација на Македонија!

По една деценија и официјално се враќа женската сениорска репрезентација на Македонија, а која во моментов се подготвува во Крушево.

Селекторот Стефан Пауновиќ има на располагање 30 одбојкарки. Од сите нив ќе се одредат три состави. Моментално во тренаен процес се дванаесет сениорки, исто толку јуниорки (генерација 2004 и помлади) и шест кадетки (генерација 2006 и помлади).

Сениорките немаат запишано настап повеќе од една деценија. Токму тоа е причината за овој собир во Крушево заедно со селекторот Пауновиќ.

На крајот од јуни македонската одбојкарска репрезентација ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир.

Се вчитува...