Мајк Џејмс се надева на враќање во Бруклин

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс се надева дека следната сезона повторно ќе биде дел од НБА тимот на Бруклин Нетс.

Нетс се уште имаат права на одличниот бек, а инсајдер на лигата за американските медиуми изјави дека тој повторно би сакал да го облече дресот на тимот и повторно да заигра со Кевин Дјурант.

Џејмс во Бруклин стигна во април минатата година по расправата со тренерот на ЦСКА Москва Димитрис Итудис. Џејмс минатата сезона одигра 13 натпревари во кои просечно бележеше по 7,7 поени и 4,2 скока.

Се вчитува...