Арон Доналд испиша историја во НФЛ лигата

Дефанзивниот НФЛ играч, Арон Доналд кој пред четири месеци стана „Супербоул“ шампион со Лос Анџелес Ремс стана најплатен играч во лигата, а кој не игра на позиција „квотербек“, објавија американските медиуми.

Ремс на 31-годишниот Доналд му дадоа зголемување од 40 милиони долари, што значи дека овој неверојатен играч во следните две години ќе заработи 65 милиони долари.

Во богатата кариера која почна во 2014 година кога беше избран како 13. пик на драфтот, Доналд три пати беше биран за најдобар дефанзивец, а во својата прва година ја заработи и наградата за најдобар дефанзивен новајлија.

Се вчитува...