Македонската репрезентација, без сомнение, очекува силна поддршка од трибините на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за третиот натпревар од Лигата на нации, прв домашен, против селекцијата на Грузија веќе во четврток, 9. јуни со почеток од 20:45 часот.
Македонија ја очекува еден од најтешките натпревари во групата против објективно најквалитетниот противник. Грузијците низ стартните два натпревари покажаа дека се повеќе од квалитетна репрезентација која отворено атакува на првото место во групата.
„Јасно е дека ќе ни биде потребна поддршка и од трибините. Посакуваме навивачите во што поголем број да дојдат и да дадат поддршка за репрезентацијата. Сакаме со победи да ги заокружиме двата домашни натпревари“ – порачуваат македонските репрезентативци.
Билетите се веќе пуштени во продажба преку операторот МКТИКЕТС по цена од 250 и 350 денари во зависност од положбата на седиштата на Јужната и Северната трибина на арената „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА