Новиот клуб на Погба го чека со раширени раце: Му подготвија нереални услови и број 10!

Пол Погба и официјално ја заврши својата авантура во Манчестер Јунајтед и летово ќе го промени клубот, а најголем фаворит за неговиот потпис е Јувентус. Шансите Погба да се врати во „Старата дама“ растат и тој деновиве треба да потпише нов договор.

Според новинарката Никол Шир, играчот од средниот ред би земал плата од пет милиони евра годишно, наместо седум и пол како што беше првично кажано, на што ќе се додаде бонус од уште два милиони евра.

Истовремено, Јувентус го подготвува дресот со број 10 за Пола Погба, кој до оваа сезона го носеше Аргентинецот Пауло Дибала. Во првиот мандат во Торино, Погба носеше шестка. Парадоксално, Манчестер Јунајтед ќе му плати на фудбалерот мало богатство дури и кога официјално ќе го загуби. Тоа е бонус за лојалност и ќе ги чини Британците 3,78 милиони фунти, пишува „Дејли Мејл“.

Навивачите беа крајно лути кога слушнаа за оваа клаузула, која ја сметаат за понижувачка и за клубот и за нив. Значи, целата инвестиција на Манчестер Јунајтед во Пол Погба е неверојатна и изнесува 218,93 милиони фунти, во текот на шест сезони.

 

Се вчитува...