Тен Хаг за „ребилдинг“ на Јунајтед ќе потроши над 300 милиони евра за само пет фудбалери

Со ангажманот на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед започнува нова ера. Холандскиот стратег кој со успех го водеше Ајакс во претходните години ќе има тешка задача за враќање на „црвените ѓаволи“ назад на врвот на Европа, а за истата бара пет засилувања кои вредат најмалку 300 милиони евра.

Високо на листата на желби е неговиот поранешен играч од Ајакс, Френки де Јонг за кој Барселона е подготвена да прифати понуда од 60 милиони евра, но голем проблем е желбата на 25-годишникот да остане на „Камп Ноу“ и да се натпреварува во највисокиот ранг во следните години.

Тен Хаг бара неколку засилувања во средниот ред, а покрај Холанѓанецот на оваа листа се наоѓаат и фудбалерите на Вест Хем, Лидс и Челси, Деклан Рајс, Калвин Филипс и Нголо Канте.

Најневеројатна опција од овие тројца е „чекичарот“ кој при завршувањето на сезоната најави нова битка со неговиот клуб во европските натпреварувања, но покрај желбата на 23-годишникот како проблем се јавува и сумата која ја бара Вест Хем за неговите услуги од 180 милиони евра.

Лошата сезона на Лидс може да донесе трансфер на Филипс во Манчестер, но само доколку „црвените ѓаволи“ исплатат над 50 милиони евра, додека како најверојатна опција се јавува Нголо Канте чиј договор со Челси истекува следното лето, а доколку не го продолжи истиот „сините“ се отворени за преговори. Сепак ангажманот на 31-годишниот Французин би било само краткорочно решение за проблемите во средината на теренот.

Холандскиот стратег цели кон засилувања и во нападот каде постои интерес за ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњез кој оваа сезона постигна 26 гола во португалската лига и 8 во Лигата на Шампионите. Трансфермаркт го проценува 22-годишникот на 55 милиони евра, но со оглед на формата трансферот се проценува на околку 80 милиони евра.

Се вчитува...