Бруно Дита потпиша нов двегодишен договор со Шкендија

Фудбалскиот клуб Шкендија ја продолжи соработката со играчот од средниот ред Бруно Дита. Дита во наредниот период ќе биде дел од црвено-црниот тим, потпишувајќи нов двегодишен договор, врзувајќи се со тетовскиот клуб до летото 2024 година.

Дита во Шкендија дојде во летото 2020 година од редовите на Скендербег.

„Многу сум среќен што денеска потпишав нов договор со Шкендија и што ќе продолжам да го носам црвено-црниот дрес уште две години. Им благодарам на челниците на клубот кои овозможија продолжување на договорот, но и мојата желба беше да продолжам да бидам дел од Шкендија. Посебно ми е драго што ќе го продолжам престојот во градот Тетово бидејќи чувствувам дека и духовно сум поврзан со Тетово. Во Шкендија формиравме добра група на играчи и убеден сум дека во наредниот период ќе ги имаме успеси со Шкендија, а јас ветувам дека ќе го дадам максимумот за овој дрес“, изјави Бруно Дита по потпишувањето на новиот договор. 

Се вчитува...