Арсенал со 50 милиони евра ќе пазари од Лестер

Белгискиот фудбалски репрезентативец Јури Тилеманс потврди дека е можно на лето да го напушти тимот на Лестер и да замине во поголем клуб. Според „Дејли Мејл“, најзаинтересиран за услугите на Белгиецот е Арсенал, кој што ќе се обиде да го ангажира со 50 милиони евра.

Тилеманс има договор со „лисиците“ до следното лето, па за да заработи нешто Лестер ќе б иде најдобро да го продаде сега.

„Добро се чувствувам во Лестер, ме прифатија со раширени раце. Секојдневно давам се за клубот. Нормално слушам и за опциите кои ми се нудат. Морам да размислувам за својата кариера“, рече Тилеманс.

Британските медиуми наведуваат дека белгискиот интернационалец барал клуб кој игра во Европа следната сезона. Арсенал ќе игра во Лигата на Европа.

Се вчитува...