Ливерпул понуди 100 милиони евра за Дарвин Нуњез

Ливерпул тргна во офанзива за наоѓање на адекватна замена за Садио Мане, а сите погледи на Јирген Клоп и раководството на „црвените“ се насочени кон Дарвин Нуњез. Овој 22-годишен голгетер имаше фантастична сезона за Бенфика, постигнувајќи 34 погодоци за португалскиот гигант, притоа бележејќи и два одлични настапи против Ливерпул во четвртфиналните дуели од Лигата на Шампионите.

Португалскиот весник „Рекорд“ тврди дека преговорите меѓу клубовите се одвивале неколку дена, а вчера стигнала и првата понуда од Ливерпул, во висина од вкупно 100 милиони евра. Не е наведено колкав дел од оваа сума е загарантиран, а колку пари се врзани преку клаузули, но Ливерпул очекува одговор што поскоро, за да го осигура доаѓањето на нов врвен голгетер и да даде зелено светло за заминувањето на Мане.

За услугите на Нуњез се интересираше и Манчестер Јунајтед, но според „Рекорд“ разговорите со Јирген Клоп го убедиле Уругваецот дека Ливерпул е вистинскиот клуб за него и тој веќе им соопштил на челниците на Бенфика дека сака да се пресели на „Енфилд“.

Се вчитува...