Денвер Бронкос доби нови сопственици

НФЛ франшизата на Денвер Бронкос и официјално доби нови сопственици, пренесуваат американските медиуми. Со ова тимот од Колорадо стана најскапо продадениот спортски тим бидејќи новите сопственици за НФЛ франшизата издвоија неверојатни 4,65 милијарди долари.

Неодамна сопственикот на Лос Анџелес Доџерс го купи Челси и постави рекорд, а тој е сега урнат благодарејќи на првиот човек на Волмарт Роберт Волтон и инвестициската група која го откупи клубот.

„Среќни сме што ја завршивме работата околу Денвер Бронкос! Кери, Грег и јас сме многу инспирирани од оваа можност бидејќи сега сме дел од страсна група на луѓе составена од целата заедница. Живеев и работев во Колорадо долго време и им се восхитував на Бронкос. Пораснав со годините и научив толку многу за сето ова во последните неколку месеци“, изјави Роберт Волтон.

Се вчитува...