Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез се договори Милан, а во италијанскиот клуб годишно ќе заработува околу три милиони евра. Фабрицио Романо тврди дека во следните денови раководствата на Лил и Милан треба да ја договорат висината на трансферот на португалскиот фудбалер.
Се проценува дека „росонерите“ за Санчез ќе платат 20 милиони евра. 24-годишникот во Милано треба да го замени Френк Кеси кој летово ќе премине во Барселона. Португалецот во 2016 беше прогласен за најдобар млад фудбалер откако го освои Европското првенство со Португалија.
Санчез ќе биде првиот трансфер на тимот од „Сан сиро“ по освојувањето на титулата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА