Лука Модриќ останува во Реал до 2023 година

„Кралевите“ му ја исполнија желбата на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, откако претседателот на клубот Флорнетино Перез одлучи да му го продолжи договорот на уште една сезона.

Новиот договор на Модриќ е со важност до 30 јуни 2023 година, потврди портпаролот на мадридскиот клуб.

„Тоа нема да биде јавен настан, тој ќе дојде да го потпише договорот и веднаш ќе се врати со приватен авион на собирот на репрезентацијата. Точното време на потписот не е одредено“, потврдија од редовите на Реал Мадрид.

Модриќ игра за Реал Мадрид од август 2012 година, кога дојде од Тотенхем. Хрватскиот играч за врска со Реал Мадрид освои 20 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите. Оваа сезона Реал ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Суперкупот.

По потпишувањето на новиот договор, Модриќ во националниот дрес ќе игра против Данска и Франција. Модриќ во понеделникот во Сплит во ремито 1-1 меѓу Хрватска и Франција го одигра својот 150. натпревар во репрезентативниот дрес.

Се вчитува...