Академија Пандев договори тест дуели со ЦСКА, Левски, Балкани….

Академија Пандев ги стартуваше подготовките за настапите во квалификациите за Конференциската лига.

„Пандевци“ стартуваа под водство на тренерот Ѓорѓи Стојчев во некомплетен состав ако се знае дека добар дел од младинците се на Купот на пријателството на Златибор. Академија Пандев, во меѓувреме, пак, се раздели со странците Бихорац, Мартинага и Секулиќ, во очекување на засилувањата на тимот. На проба во моментов е Мака Гакоу од Франција, 22-годишен лев бек кој претходно бил дел од младинската школа на Ле Авр.

Според програмата на стручниот штаб, до 19. јуни ќе се тренира во Струмица, а потоа екипата се сели во Банско, Бугарија, каде ќе има и четири пријателски натпревари низ подготовката за настапот во Конференциската лига. Првата контрола на Академија Пандев ќе биде на 17. јуни со косовскиот првак Балкани, а во Бугарија ги чекаат пресметки со Черно Море на 21. јуни, па дуел со Левски на 25. јуни и на крајот со ЦСКА 1948 на 28. јуни.

Согласно најавите се очекува тимот да биде засилен со седум нови фудбалери. Академија Пандев првиот натпревар од стартното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА го игра на 7. јули.

ФОТО: Дрнка.мк

Се вчитува...