Откако го назначи Љупчо Марковски – Калц за нов тренер, сега Работнички ќе ги консолидира играчките редови. Прво засилување на „романтичарите“ ќе биде играчот за врска Мартин Блажевски.
Блажевски досега играше за Вардар, а во минатото настапуваше за многу клубови во земјава межу кои и Борец, Пелистер, Тетекс, Гостивар, Охрид, Металург…
30-годишниот играч за врска веќе соработуваше со Калц во таборот на Скопје, и сега повторно ќе работат заедно во таборот на „романтичарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

