Денеска се одиграа четири натпревари во Лигата на Нации во кои фаворитите издвојуваа победи над своите ривали. Можеби мало изненадување претставува убедливиот триумф на Белгија над селекцијата на Полска од 6-1, и тоа остварен со пресврт, по водството на Полјаците.
Левандовски во 28. минута му донесе водство на гостинскиот тим, а Витсел во 42. минута успеа да донесе израмнување. Во вториот дел целосен „потоп“ на Полјаците и примени четири гола. Најпрво Де Брујне донесе водство, па следуваа два гола на Тросар во 73. и во 80. минута, за Дендонкер во 84. минута донесе 5-1. Конечните 6-1 беа дело на Опенда.
Холандија со голот на Копмајнерс успеа да поведе против Велс. Немаше возбудувања се до финишот на средбата кога Дејвис во 92. минута донесе израмнување. Сепак, Холандија веќе во следниот напад преку Вегорст постигна гол и дојде до нови три бода во Лигата на Нации.
Во групата Б, Украина се рехабилитираше од поразот од Велс во баражот за Мундијалот со триумф на гостувањето кај Ирска. Победата ја донесе Циганков во 38. минута. Шкотска, пак, беше подобра од селекцијата на Ерменија со 2-0 со головите на Ралстон и МекКена уште во првиот дел од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА