Сто милионското засилување на Манчестер Сити, Џек Грилиш имаше одлична прва сезона во дресот на „граѓаните“ во која успеа да ја освои и титулата во Премиерлигата. 26-годишникот не успеа во потполност да го пренесе ефектот од времето поминато во Астон Вила, но се наметна како незаменлив дел од тимот.
Сега фудбалерот од средниот ред е дел од репрезентацијата на Анлгија за којa вели дека има поголема слобода отколку во дресот на Манчестер Сити и сака тоа да се промени во иднина.
„Чувствувам дека играм послободно за Англија. Тоа селекторот го бараше од мене, да бидам својот, да креирам, а тоа и го сторив. Понекогаш за Сити играм „на сигрурно“, а тука и на тренингот сум слободен, давам голови и асистирам. Тешко ми е да го објаснам тоа, но се надевам дека ќе можам да го правам тоа и во клупскиот фудбал за да продолжам да напредувам“, изјави Грилиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

