Единсон Кавани летово како слободен играч си заминува од Манчестер Јунајтед, но уругвајскиот ветеран дефинитивно не се разделува од „црвените ѓаволи“ на најдобар можен начин. Доказ за тоа се информациите од Уругвај, кои велат дека Кавани отворено го советувал својот сонародник, 22-годишниот Дарвин Нуњез од Бенфика, да не се сели во Манчестер Јунајтед бидејќи тоа не е клуб за него.
Нуњез има зад себе одлична сезона во Бенфика, за него се интересираат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а младиот голгетер решил да побара совет од поискусните репрезентативни колеги, Луис Суарез и Единсон Кавани.
И додека Суарез веднаш го избрал својот поранешен клуб Ливерпул како подобра опција за младиот голгетер, изненадувачки бил одговорот на Кавани, кој јасно му ставил до знаење на Нуњез дека ситуацијата во Манчестер Јунајтед воопшто не е розова.
„Нуњез разговараше со Кавани за Манчестер Јунајтед, но тоа што го слушна воопшто не беше подобри. Еди му кажа дека подобро за него е воопшто да не оди во овој клуб. Проблемот е што некои играчи имаат преголема власт во одлуките што се носат, така што е сериозен сомнежот дали Нуњез ќе добие соодветна шанса да заигра за овој тим, без оглед на парите што Јунајтед е подготвен да ги плати“, пишуваат уругвајските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

