Ајви: Тимски и ладнокрвно до трофеј во Битола

МЗТ Скопје има две меч топки за продолжување на доминацијата на мак-баскет сцената откако во третиот финален натпревар со стил го одбрани домашниот терен. Аеродромци по лошиот натпревар во Битола одиграа одличен меч во СЦ „Јане Сандански“ каде рано стигнаа до двоцифрена предност и во ниеден момент не му дозволија на противникот да се надева на победа.

Тимската игра е тоа што го краси МЗТ Скопје во текот на целата сезона, а „последното парче од сложувалката“, Бре Ајви смета дека доколку неговиот тим одигра како досега ќе ја донесе титулата во Скопје в петок.

„Завршивме одлична тимска работа држејќи се заедно и ја задржавме смиреноста во текот на целата серија. Имаме еден куп искусни „ветерани“ и тие вршат одлична работа предводејќи не и одржувајќи ја позитивната енергија. Знаеме дека Пелистер ќе одигра најдобро што може во петок пред своите навивачи па ќе треба одиграме уште еден тимски натпревар, да ја задржиме ладнокрвноста и да го донесеме трофејот во Скопје“, изјави за ЕКИПА, Бре Ајви.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...