Куманово ги задржа Марјановиќ и Јузбашиќ (ФОТО)

Куманово имаше сезона за заборав во која тргна по европскиот пат, но заврши во битката за опстанок во „елитата“ на македонската кошарка. „Сино-белите“ мака мачеа со финансии во текот на целата сезона, поради истите кошаркари доаѓаа и си заминуваа од „Перо Наков“ па на крајот тимот кој претходната сезона беше на прагот на елиминација на МЗТ Скопје во четвртфиналето мораше да се задоволи со 10. место на табелата.

Катастрофалната сезона е зад кумановци, а тимот веќе работи на составување на респектабилен состав за следната сезона. По продолжувањето на договорот со тренерот Владимир Мирковски, тие официјализираа и продолжување и соработака со српските интернационалци Андреја Марјановиќ и Душан Јузбашиќ.

Двајцата го засилија составот при крајот на сезоната, а во плеј-аутот се прикажаа во одлично светло. Марјановиќ на 12 одиграни меча забележа просек од 24.3 поени и 4.3 скока по натпревар, додека Јузбашиќ на 10. одиграни средби оствари далб-дабл просек од 23.3 поени и 11.9 скока.

Се вчитува...