Бостон Селтикс поведе со 2-1 во финалната серија во НБА лигата против Голден Стејт Вориорс, откако синоќа на домашен терен во легендарната „ТД арена“ славеа во натпреварот број три со 116-100.
Кошаркарот на Вориорс, Клеј Томпсон не беше задоволен од публиката во храмот на Селтикс, велејќи дека многу се „културни“ и дека убаво ги научиле да пцујат пред деца.
„Мислам дека и порано сме играле пред такви луѓе. Некултурни, пцујат пред деца. Одвреме-навреме, Бостон, господа“, изјави Томпсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

