Албанско засилување за Интер (ФОТО)

Интер е на прагот да добие албанско засилување откако ги договори личните услови со Кристјан Аслани, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Останува уште да се најде заеднични јазик со Емполи околу сумата на трансферот по што талентираниот играч од средниот ред ќе му биде на располагање на тренерот Инзаги.

Дваесетгодишникот оваа сезона забележа одлични настапи за Емполи во италијанското првенство и Купот на Италија, а беше дел и од младинската Лига на Шампиони каде одигра три натпревари, а постигна три гола.

Се вчитува...