Ливерпул потврди заминувања на Ориги, „пациентот“ Кариус и на уште пет играчи

Тимот на Ливерпул денеска потврди дека од клубот си заминуваат седум играчи во летниот преоден рок. Станува збор за играчи кои освен Ориги, главно беа на клупата или на трибините на тимот од Енфилд.

Така покрај Дивок Ориги, Ливерпул го потврди заминувањето и на „пациентот“ Лорис Каирус кој ќе остане запаметен по грешките во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година.

Покрај Ориги и Кариус, од Ливерпул заминуваат и Шеји Оџо, Бен Вудбурн, Елиџах Диксон-Бонер, Луис Лонгстаф и Шон Вилсон.

Ориги најверојатно ќе заврши во таборот на Милан, додека Кариус е блиску до враќање во Германија откако неколку тима од „Цвајте“ се заинтересирани за него.

Се вчитува...