Македонија против Грузија – три бода за врвот на табелата!

Македонија против Грузија. Колку тоа добро звучеше во 2020 година кога со победата во Тбилиси македонскиот национален тим обезбеди пласман на Европското првенство кое се одржа низ 12 градови во Европа. По добро ја паметиме грузиската селекција, а сега се надеваме дека така ќе биде и вечерва од 20:45 часот во новото издание во Лигата на Нации.

Ова е битка меѓу двете најквалитетни репрезентации во групата, и битка која ќе одлучи кој ќе биде на првото место во групата Ц4, кое потоа може да донесе бараж натпревар за пласман на ЕП 2024.

„Секако дека го гледав мечот на Грузија со Бугарија. Се работи за одличен тим со одлични индивидуалци. Одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Тој натпревар во Грузија нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, затоа што имаат нов селектор и нова филозофија. Начинот на кој играат е различен. Не гледам некоја поврзаност и сличност.  Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На денешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи“, рече Милевски.

 

Голманот на македонскиот национален тим Столе Димитриевски пред натпреварот истакна дека посакува стадионот да биде исполнет, и Македонија да има поддршка, а за мечот кажа дека сака да ја сочува мрежата.

„Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка до сега. Со нивната подршка и нашиот план и квалитет верувам дека ќе стигнеме до победа над Грузија. Очекувам и се подготвувам за секој меч да имам чиста мрежа. Тој е мој принцип кога ќе влезам во секој натпревар. Грузија е одличен тим и имаат многу напредувано од последниот меч кога се сретнавме со нив. Даваат многу голови но и ние може да дадеме голови бидејќи создаваме многу шанси. Мислам дека ако ја сочувам мрежата, ќе го добиеме натпреварот“, рече Димитриевски.

Се вчитува...