Со сите сили против Грузијците: Милевски во најквалитетниот можен состав

Македонската репрезентација повторно со максимални играчки сили ќе го очекува дуелот против Грузија вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

По триумфот на гостувањето против Гибралтар, каде имаше ротации во составот, селекторот Благоја Милевски сега се очекува повторно да ги врати во првиот тим дел од првотимците кои паузираа на Гибралтар.

Се очекува, сосема извесно, враќање на голот на Столе Димитриевски, дополнето со кам-бек на Ашковски и Дарко Велковски во одбраната, заедно со Муслиу и Алиоски.

Во средниот ред неизбежни се чини капитенот Енис Барди кој одигра два одлични натпревари, како и Елиф Елмас, а заедно со Бобан Николов кој демонстрираше извонредна партија во Гибралтар. Во нападот се очекува враќање на крилната позиција на Дарко Чурлинов, заедно со Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Согласно најавите, се очекува деби во националниот дрес и за Валон Етеми, кој мина извонредна сезона во дресот на турскиот Истанбулспор, а кој ако не стартува на денешниот дуел на местото на Трајковски, тогаш сигурно ја очекува првата репрезентативна минутажа во текот на натпреварот.

 

Се вчитува...