Шалке има нов план за Чурлинов: Бара нова позајмица од една сезона

Трите милиони кои Штутгарт ги бара за трансфер на Дарко Чурлинов во Шалке, се многу за тимот од Гелзенкирхен. А, новиот прволигаш е упорен во намерата да го донесе Македонецот на „Велтинс Арената“ и со него да оди по нови прволигашки успеси.

Затоа од тимот на Шалке имаат нов план. Тие бараат одново да биде пуштен на позајмица која ќе трае една година, со задолжителен откуп по завршувањето на сезоната. Останува сега да се види дали Штутгарт ќе се одлучи на ваков чекор.

Многу работи ќе зависат и од сегашните играчи на Штутгарт. Дел од нив можеби ќе заминат, па и „Швабите“ ќе сметаат на македонскиот репрезентативец и во иднина. Меѓутоа од Шалке се упорни во намерата Чурлинов да остане и натаму дел од тимот од Гелзенкирхен.

Се вчитува...