„Потоп на Македонија“ – Грузија го удвои водството (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 0-2 на домашен терен против Грузија во натпреварот од 3. коло во групата Ц4 од Лигата на нации.

Откако во 52. минута преку  Зивзиадзе Грузијците поведоа со 0-1, десет минути подоцна веќе стигаат и до удвојување на предноста.

Стрелец на погодокот беше најдобриот фудбалер на гостите и нов соиграч на Елјиф Елмас во Наполи, Квича Кваратшкелија.

Голот на Грузија за 0-2 можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...