Камерун гостуваше на Бурунди во 2. коло од Африканскиот куп на нации, стигнувајќи до минимална победа од 1-0 благодарение на голот на Екамби во 30. минута.
Но, тоа не го задоволи легендарниот Самуел Ето, кој сега е претседател на Камерунскиот фудбалски сојуз. Па, Ето веднаш по мечот се втурна во соблекувалната на својата селекција и им порача на фудбалерите дека во иднина нема да толерира такви бледи изданија.
„Воопшто не сум среќен. Вие го претставувате Камерун и не ми е грижа кој е противник, вие мора да давате се од себе. Со години плачен затоа што го пропуштивме Светското првенство, но знам за сите проблеми кои тогаш ги имавме. Тоа нема да се случи додека сум ја претседател. Дојдов на функцијата за да ги променам нештата“ – рече Ето и продолжи:
„На никого не му е гарантирано местото во овој тим. Ако сакаш да го носиш овој дрес мора да работиш, инаку воопшто немој ни да доаѓаш, подобро ќе играме со деца. Никој овде не смее да ми изигрува ѕвезда. Долго ги носев копачките, можеби мислите дека сум гад, но бев најдобар и знам зошто успеав. Ќе го дадам и мојот живот за најдобро да ја претставувам мојата земја. Никому не гарантирам одење на Светско првенство. Ако играте како денеска, никој нема да го види Мундијалот“.
Поранешниот напаѓач на Реал, Мајорка, Барселона и Интер во својата кариера освои два африкански купа на нации со Камерун постигнувајќи и 56 гола.
Камерунците на СП 2022 во Катар се во група заедно со Бразил, Србија и Швајцарија. Првиот натпревар го играат против Швајцарија на 24. ноември.
«Je ne suis pas content du tout.»
Samuel Eto’o après la victoire des Lions face au Burundi (1-0) 🇨🇲 pic.twitter.com/f1UufBh98f
— CFOOT (@cfootcameroun) June 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА