Бразилскиот фудбалер Марсело летово ќе го напушти Реал Мадрид после 16 години поминати во клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
Тој од навивачите на мадридскиот великан ќе се прости на 13. јуни на „Сантијаго Бернабеу“. Марсело има понуди од Катар, Обединети арапски емирати и Турција.
Марсело инаку е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи од неговото доаѓање во клубот од главниот град на Шпанија. Има шест титули во Ла лига, пет во Лигата на шампионите, четири Светски клупски првенства, три УЕФА суперкупа и два во Копа дел Реј, како и пет во шпанскиот Суперкуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

