Интер планира да создаде „брутално напаѓачко трио“

Фудбалерот на Челси, Ромелу Лукаку се наоѓа на прагот на договор за враќање во редовите на вицешампионот на Италија, Интер.

Тој е подготвен да прифати годишна плата од седум милиони евра само за повторно да би играл за клубот од „Џузепе Меаца“, пренесуваат италијанските медиуми.

Белгискиот напаѓач сака да се врати во Интер, а раководството на Челси нема ништо против негова продажба. Покрај Лукаку во Милано би можел да пристигне и Пауло Дибала, што значи дека „нероаѕурите“ сакаат во нападот да спојат брутално трио, Лукаку-Дибала-Лаутаро.

Се вчитува...