Еден од најдобрите фудбалери на штипска Брегалница, крилниот офанзивец Мартин Стојанов е пред трансфер во бугарскиот шампионат.
Како што дознава ЕКИПА, се очекува 23-годишниот Стојанов деновиве да ја официјализира својата преселба во Бугарија, трансфер за кој Брегалница би добила повеќе од солидна сума отштета.
„Може да потврдам дека сме во финални преговори за трансфер на Стојанов во Бугарија, но наскоро очекувам да биде донесена официјалната одлука“ – ни изјави спортскиот директор на штипјани, Никола Тонев.
Стојанов зад себе има одлична сезона во дресот на Брегалница, издвојувајќи се како еден од најдобрите фудбалери на „сините“ и воопшто во македонскиот шампионат. Во својата досегашна кариера има настапи и за Кит Го од Пехчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

