Новата генерација на Цапар стартуваше со победа над БиХ

Новата генерација во репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 години ги стартуваше своите акции со триумф над соодветната селекција на БиХ.

Новите надежи на Драган Канатларовски кој подготвува нов состав за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП, на пријателскиот натпревар против БиХ одигран на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров славеше со 1-0.

Стрелец на победничкиот гол беше фудбалерот на швајцарски Вил, Луан Абази во 47. минута од средбата.

Следниот пријателски дуел меѓу двете селекции ќе се одигра в недела (12. јуни) од 17 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Канатларовски за двата пријателски натпревари со БиХ смета на следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица), Стефан Митрев (Академија Пандев),

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Виктор Крстевски (Гостивар), Андреј Стојчевски (Жилина), Имран Фетаи (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Стефан Деспотовски;

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ), Димитар Тодоровски (Работнички), Иван Николов (Вардар), Александар Коцев (Брегалница), Лука Станковски (Газиантеп), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Данаил Тасев (Тиквеш), Дашмир Елези (Шкендија);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Арда Окан Куртулан (Фенербахче, Турција), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија).

Се вчитува...