Њукасл ги замрси сметките на Милан

Дека на клубовите ќе им биде тешко да ангажираат фудбалери поради парите кои во последно време се даваат во Премиерлигата, на својата „кожа“ го осети и Милан. Италијанскиот првак веќе неколку месеци работи на потписот на Свен Ботман, стоперот од Лил. „Росонерите“ веќе го пикираа 22-годишниот Холанѓанец, и се чинеше дека работата е речиси завршена.

Милан даваше 30 милиони евра, и се надеваше дека со таа понуда ќе го заврши потписот на Холанѓанецот и ќе добие големо засилување во нападот.

Меѓутоа трансферот може да пропадне поради понудата на Њукасл, која изнесува речиси двојно. Според „Скај“, Њукасл се вклучил со понуда меѓу 50-60 милиони евра, а со таа цифра Милан дефинитивно не може да се натпреварува.

Ботман важи за еден од најдобрите стопери во моментов. Во Лил стигна од Ајакс за 8 милиони евра, а сега може да го продадат најмалку шест пати поскапо.

Се вчитува...