Дарвин Нуњез во наредните 48 часа ќе го комплетира мегатрансферот од Бенфика во Ливерпул откако двата клуба влегоа во завршна фаза од преговорите за 22-годишниот голгетер.
Самиот Нуњез одби неколку понуди за да се пресели во Ливерпул, а според последните информации голгетерот го откажал и настапот на вечерашниот пријателски дуел меѓу Уругвај и Панама. Прогнозите велат дека клубовите ќе постигнат целосен договор околу отштетата во наредните часови, по што Нуњез вечерва ќе тргне на пат кон Англија, каде ќе ги мине лекарските прегледи пред потписот на договорот со тимот на Јирген Клоп.
„Црвените“ ги прифатија условите на Бенфика, нудејќи вкупно 100 милиони евра за Нуњез, од кои 80 милиони се загарантирани, а 20 милиони зависат од исполнувањето на неколку клаузули, врзани со настапите, головите и освоените трофеи на Уругваецот на „Енфилд“. Во секој случај, овој трансфер ќе биде најскап во историјата на Ливерпул, надминувајќи ги оние на Вирџил ван Дајк и на Алисон Бекер.
Нуњез ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул за плата од 120.000 фунти неделно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

