Рома го „краде“ Мертенс од Наполи

Наполи е на добар пат да загуби уште еден искусен голгетер по Лоренцо Инсиње, откако Дрис Мертенс интензивно преговараше со Рома во изминатиот период.

Белгискиот офанзивец ќе стане слободен играч на крајот од сезонава, а претседателот Де Лаурентис дефинитивно не размислува да му понуди нов договор на овој фудбалер. Мертенс разочаран од односот веќе почна да преговара со заинтересираните клубови, во преден план земајќи ја „волчицата“.

Тој сака да настапува за Жозе Мурињо, кому играч со квалитетите на Белгиецот му недостига како партнер во нападот за Абрахам.

Според весникот „Газета дело спорт“, двете страни се многу блиску до конечен договор, за едногодишна соработка од која Мертенс ќе има загарантирани 3,5 милиони евра и можност за продолжување на договорот за уште една дополнителна сезона.

Се вчитува...