Конте тргнува во офанзива: Ришарлисон доаѓа од Евертон за 60 милиони евра

Антонио Конте не само што нема намера да продаде ниту еден од клучните играчи на Тотенхем летово, туку трофејниот стручњак е решен дополнително да го засили играчкиот кадар, се со цел во следната сезона да се вклучи во трката за највисок пласман во Премиер-лигата. Кулушевски ќе биде откупен од Јувентус, а навалната линија се очекува да биде дополнително засилена со доаѓањето на Ришарлисон од таборот на Евертон.

Бразилецот беше една од ретките светли точки на „карамелите“ во ланската катастрофална сезона, но репрезентативецот на оваа земја сега е решен да ги смени клупските бои и да замине во екипа што е далеку поамбициозна од Евертон. Британските медиуми најавуваат дека преговорите се веќе почнати, Тотенхем понудил вкупно 60 милиони евра, а самиот фудбалер притиска кај управата оваа понуда да биде што поскоро прифатена.

Евертон веќе извесно време се соочува со сериозни финансиски проблеми, па продажбата на Ришарлисон би можела да донесе приход со што Френк Лампард би добил значителен буџет за засилувања за наредната сезона.

Се вчитува...