Фудбалер на Штутгарт уапсен на Ибица

Атакан Каразор, играчот на Штутгарт е уапсен поради наводно силување додека бил на одмор во шпанскиот остров Ибиа, соопшти клубот од Бундеслигата.

Случајот го потврди и полицијата на Ибица, а покрај него, било приведено уште едно лице. 18-годишна девојка ги пријавила двајцата за силување на Ибица.

„Играчот на Штутгарт Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Се брани дека нема никаква криминална активност. Фудбалскиот клуб Штутгарт е во постојан контакт со неговиот адвокат“, соопшти германскиот тим.

Двајцата се во притвор од средата и чекаат испитување после кое ќе биде одлучено дали ќе бидат пуштени или ќе останат во притвор.

Каразор е играч на Штутгарт од 2019 година, и минатата сезона одиграл 24 првенстени натпревари.

Се вчитува...