Долгогодишниот член на Баерн Минхен, Џошуа Кимих во интервју истакна дека во текот на сезоната 2016/2017 година размислувал да го напушти Минхен.
Но, откако си заминал Карло Анчелоти, и потоа Вили Сањол, па Јуп Хајнкес, играчот од средниот ред се премислил и останал верен на Баерн.
„Тогаш не играв толку колку што сакав. Размислував да си заминам, но тогаш Карло Анчелоти си отиде и почнав повторно да играм. Освоивме се, и повеќе не размислував за заминување“, рече Кимих.
Кимих дојде во Баерн во 2015 година од Штутгарт. Моменталниот договор му е до 2025 година.
„Интересно ми е во Баерн, но секогаш размислувам за нови предизвици“, додаде Кимих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА