Верстапен победник во Азербејџан, голема катастрофа за Ферари

Холандскиот возач Макс Верстапен, победи денеска на трката за ГН на Азербејџан возена во Баку. Верстапен заврши како пропласиран пред својот колега од Ред Бул, Серхио Перез, додека на третото место заврши возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Губитници се Ферари чии двајца возачи се откажаа поради дефекти во болидите. Четвртото место му припадна на Луис ХАмилтон, додека петти беше Пјер Гасли.

Во првите 10 блегоа и Фетел, Алонсо, Рикиардо, Норис и Окон.

Следната трка е идниот викенд во Канада.

Се вчитува...