Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, на 14 јуни ќе се појави на европската сцена. Тој ќе биде главен судија на реванш мечот од четвртото коло во Лига на нации во Вадуц меѓу Лихтенштајн и Латвија. Тој натпревар е клучен за фудбалерите на Латвија кои се борат за првото месо во Ц групата со репрезентацијата на Молдавија. Во првата средба Латвија на домашен терен победила со 1:0. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Досега во својата богата кариера Ставрев им нема судено на овие две селекции.
Во четвртото коло во Лига на нации ќе биде ангажиран и раководителот за безбедност и интегритет на ФФМ Роберт Марковиќ кој на 14 јуни во Букурешт ќе се грижи за безбедноста на средбата Романија-Црна Гора која е клучна за првото место во нивната група. Марковиќ само пред неколку дена се врати од Израел каде беше ангажиран за безбедноста на Европското првенство за млади категории, играчи до 17 години.
Од претставниците на ФФМ во УЕФА беше ангажиран во текот на неделава и Васко Дојчиновски кој беше делегат во Хелсинки на средбата на млади селекции, играчи до 21 година во квалификациите за Европското првенство меѓу Финска и Азербејџан. /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

