Чурлинов за „покер“ на Македонија за половина час (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација по само половина час игра стигнува и до 4-0 на мечот против Гибралтар во 4. коло од новото издание на Лигата на нации.

Водство за Македонија од 4-0 носи Дарко Чурлинов, по одличната акција која почна од Енис Барди, а потоа Тодор Тодороски испрати „теледиригирана“ топка до нашиот напаѓач кој имаше само рутинска завршница.

Голот на Дарко Чурлинов можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...