Младата репрезентација на Македонија запиша и втора победа против соодветната селекција на БиХ, овој пат со 2-1 на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
По претходната победа пред два дена од 1-0 со голот на Луан Абази, сега избраниците на Драган Канатларовски победија со двата гола на фудбалерот на турски Фенербахче, Арда Курталан уште во 24. и во 34. минута од средбата.
Овие два теста со БиХ се почеток на креацијата на новата млада генерација на Драган Канатларовски која се подготвува за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА