Фудбалерите на Шкендија ремизираа (1-1) со еден од најдобрите унгарски клубови Ференцварош во првиот пријателски натпревар за време на своите летни подготовки во Словенија.
Во главно израмнет натпревар, првото полувреме заврши без погодоци на двете страни.
Во второто полувреме, Унгарците први поведоа во 59. минута, но по само две минути веќе во 61. минута по извонредната акција на Љупчо Дориев по левата страна и нафрлањето на 16 метри, одличен погодок со шут од прва постигна капитенот Ферхан Хасани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

