„Јунајтед треба да напише книга за тоа како не треба“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Роби Фаулер го критикуваше раководството на Манчестер јунајтед поради лошата трансфер политика.

Фаулер во колумна за британскиот „Мирор“ се сврте кон трансферот на Дарви Нуњез од Бенфика во редовите на Ливерпул.

„Не сакам да бидам дрзок, но Манчестер јунајтед може да напише книга за тоа како не треба да се работат трансфери. Беа премногу реактивни на пазарот. Купуваа само фудбалери кои ги сакаат и другите клубови. Манчестер јунајтед ги носеше тие играчи во своите редови како не би заминале во некој друг“, изјави Фаулер. 

Се вчитува...