Душан Влаховиќ при заминувањето од Фиорентина беше трансфер цел на неколку европски великани меѓу кои и Арсенал, а на крајот се одлучи да остане на „чизмата“ и да ги брани боите на Јувентус.
Во изјава за италијанските медиуми тој сега откри дека за него не постоел друг клуб во размислувањето за следната дестинација и дека му е чест што може да настапува за торинскиот клуб.
„Можеби мојот агент знаеше за понудата од Арсенал, но јас не зборев со некој за неа. На ум имав само еден клубот бидејќи Јувентус е Јувентус. Не треба да се говори повеќе. Чест ми е што имам шанса да го носам овој дрес. Чувството е неверојатно секој пат кога ќе го облечам. Мојата ДНК има траги со таа на Јувентус. Кога ќе дојдете тука не се откажувате, постојано работите напорно. Тоа е тоа што го барав“, изјави Влаховиќ.
Влаховиќ за Јувентус оваа сезона одигра 21 натпревар, а постигна девет гола на кои додаде и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА