Јокиќ ефект: Денвер станува српска колонија?

Додека Голден Стејт и Бостон се борат за титула во НБА лигата, останатите клубови веќе работат на составување на тим за следната сезона. Еден од нив е и Денвер кој ова лето ќе продолжи да го составува ростерот околку двократниот МВП Никола Јокиќ, а американските медиуми најавуваат српска колонија во Колорадо.

Имено, Нагетс ова кои се мачеа со повредите на бековите ќе се обидат да ангажираат повеќе играчи во ротацијата, а како голема желба се јавува Богдан Богдановиќ. Србинот кој е дел од Атланта изминатата сезона бележеше просек од 15.1 поен со 36 отстотна реализација за три поени и 4.0 скока се очекува да донесе голем стабилност од клупата и воедно да биде играчот кој ќе донесе голем придонес кон ново одлично претставување во плеј-офот.

Како цел се јавува и младиот Никола Јовиќ кој бранејќи ги боите на Мега ја освои наградата за најдобар проспект во АБА лигата за сезоната 2021/22. На 19-годишникот му се предвидува избор од 15. до 25. место на овогодишниот драфт, а Денвер со кој веќе талентираниот кошаркар тренира ќе бира на 21. место.

Се вчитува...