Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи објави дека ја раскина соработката со шест фудбалери кои минатата година беа дел од тимот кој ја освои шампионаската титулата во Првата фудбалска лига на Македонија.
Тимот од Чаир им се заблагодари за соработката на Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје.
„Нашиот тим соопштува дека ја раскина соработката со шест фудбалери. Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје. Договорите за раскинување на соработката се со договор на двете страни, додека нашиот клуб им се заблагодарува на фудбалерите за придонесот и им посакува многу среќа во следните предизвици“, стои во соопштението на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

