ОФИЦИЈАЛНО: Гравенберх стави потпис на договор со Баерн Минхен

Младиот холандски фудбалер Рајан Гравенберх е нов фудбалер на Баерн Минхен. 20-годишникот потпиша договор со германскиот шамипион до 2027 година, а Баварците за неговиот потпис на Ајакс му платија 25 милиони евра.

Гравенберх дебитираше за „копјаните“ на 16-годишна возраст, а во претходните четири години стана главен член во тимот на Тен Хаг. Тој за тимот од Амстердам одигра 103 натпревари, а веќе има и 10 настапи за репрезентацијата на Холандија.

 

Се вчитува...