Контроверзното правило за пет измени и официјално влезе во фудбалскиот записник. Ова правило почна да се применува во време на пандемијата со коронавирусот, период кога фудбалските екипи добија можност да прават повеќе од три измени за време на еден натпревар.
Во Доха се разговараше тоа правило да се користи и во иднина. Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) на последниот состанок даде „зелено светло“ тимовите да продолжат со штедење на своите фудбалери. Во иднина на клупата за резерви шанса ќе чекаат 15 наместо 12 играчи.
ФИФА најави дека е „многу важно да се внимава на здравјето на фудбалерите“. Се разгледува и опција за заштита на судиите, кои во иднина би можеле да носат камери на телото за време на натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА