Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ од следната сезона ќе биде предовден од шпанската легенда Алекс Мумбру. Освојувачот на златните медали со „црвената фурија“ на Светското првенство во 2006 година и Европското првенство во 2009 година доаѓа на местото на Џоан Пенароја и ќе остане во Валенсија во следните три години.
Мумбру тренерската кариера ја започна таму каде што ја заврши играчката – Билбао. Во првата сезона во 2018 година го врати клубот во „елитата“ на шпанската кошарка, а најголемиот успех го имаше во 2020 година кога пред раниот крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19 беше на петтото место во Ендеса.
OFFICIAL: Valencia signed Alex Mumbru to a three-year contract. https://t.co/DzSUcZXwen
— Donatas Urbonas (@Urbodo) June 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА